Пратеникот Илир Демири преминува во независни – се продлабочуваат промените во албанскиот политички блок
Промените во албанскиот политички блок по локалните избори продолжуваат да се одразуваат и во работата на Собранието. Пратеникот Илир Демири официјално го информираше претседателот на Собранието дека од сега ќе дејствува како независен пратеник.
Демири беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт, предводена од ДУИ. Тој е по професија лекар – инфектолог и во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство.
Неговиот политички ангажман започна преку Алијансата за Албанците, која на 18 ноември донесе одлука да настапува самостојно и да се повлече од Европскиот фронт. Одлуката на партијата очекувано резултираше и со издвојување на Демири во парламентот.
Овој потег дополнително ги интензивира динамиките меѓу албанските политички партии и најавува нови реструктурирања во парламентарното мнозинство.
![]()

