СДСМ поднесе пријава до Антикорупциска за тендер од 9 милиони евра – бараат отворање предмет
СДСМ денеска официјално поднесе пријава до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), со барање да се отвори предмет и да се испитаат сите околности околу државен тендер во вредност од 9 милиони евра.
Според партијата, сериозни сомнежи постојат поради тоа што фирма основана пред една година, со само двајца вработени, добила повеќемилионски државни договори. Од вкупно шест договори, како што наведуваат, четири се склучени со Генералниот секретаријат на Владата.
Петар Огњеновиќ од СДСМ изјави дека овој случај мора да биде целосно истражен:
– Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. Институциите мора да постапат, крадењето на народот да запре и да следува одговорност. Кога фирма основана пред една година, со само двајца вработени, добива тендери од речиси 9 милиони евра, тоа е шема за испумпување пари. Кога од 6 договори, 4 се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски – тоа е фаворизирање на омилени фирми – рече Огњеновиќ.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера во телевизиско гостување изјави дека нема ништо против институциите да постапат доколку постојат индиции за корупција или криминал во конкретниот тендер.
ДКСК сега треба да одлучи дали ќе отвори предмет и ќе спроведе постапка за утврдување евентуални прекршувања.
![]()

