Одморено и подготвено: Мицкоски со нов настап по вчерашното отсуство
Премиерот Христијан Мицкоски денеска (4 декември 2025) ќе присуствува на промоцијата на новата Платформа за следење на општинските проекти финансирани од Владата. Настанот е закажан за 11:00 часот во Клубот на пратеници, соопшти прес-службата на Владата.
Новата платформа има за цел да овозможи поголема транспарентност, подобра контрола на јавните трошоци и поефикасна комуникација со граѓаните за реализацијата на проектите на локално ниво. Владата најавува дека преку овој дигитален алат ќе може да се следи статусот, динамиката и финансирањето на општинските инвестиции.
Од Владата информираат и дека премиерот Мицкоски се враќа на своите редовни работни активности, откако вчера поради здравствени причини го откажа учеството на македонско-српскиот економски форум во Скопје. Форумот се одржа без негово присуство, како што беше претходно најавено.
Опозициската СДСМ реагираше на отсуството на премиерот со политички критики и прашања поврзани со состојбите во Србија и односите меѓу властите во двете земји. Од партијата наведоа дека очекуваат одговори поврзани со причините за непојавувањето на форумот.
![]()

