🚨 НОЌНА РАЦИЈА! Еве во кој локал „ПАДНАА“ девојки со сомнителен престој !

🚨 НОЌНА РАЦИЈА! Еве во кој локал „ПАДНАА“ девојки со сомнителен престој !

Во ноќта меѓу 2 и 3 декември 2025 година, во периодот од 22:30 до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, Полициското одделение Камењане и ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола на подрачјето на Камењане со цел откривање странски државјанки кои илегално престојуваат, непријавено работат или може да бидат жртви на трговија со луѓе.

При контролата, во угостителски објект во с. Горно Седларце, чиј управител е 27-годишна жена од Тетово, биле затекнати и приведени четири државјанки на Украина – О.М. (24), А.Ф. (24), А.В. (28) и А.Т. (27).

Иако тие имале пријавен престој во с. Жеровјане, биле затекнати како престојуваат спротивно на целта на нивниот престој.

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading