Скопје, 5 декември 2025 — Деветнаесетгодишно момче е пронајдено мртво во семејниот дом во селото Огњанци, скопско, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера, 4 декември, во 15:38 часот во СВР Скопје. На местото на настанот излегла екипа на Итната медицинска помош која констатирала смрт без видливи траги на насилство.
Телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на надлежен јавен обвинител, со цел утврдување на причината за смртта. Полицијата во координација со обвинителството презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Порталот Политика ќе ја следи состојбата и ќе известува за сите нови детали во врска со овој трагичен настан.
![]()

