📣ВОНРЕДЕН ПРЕС на ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: „Вчера бевме сведоци на СРПСКО СЦЕНАРИО“

Најостра осуда за нападот врз медиуми! Филипче на вонреден прес истакна дека српското сценарио е пресликано во Македонија. Според него Груевски сеуште владее со државата. Смета дека оваа власт ја нарушува безбедноста на сите граѓани. Побара поддршка од сите медиуми и сите граѓани за да не се дозволи Македонија да стане црна точка во Европа – рече тој.

Полицијата вчера вечер демонстрираше висок степен на подготвеност и оперативност, реагирајќи веднаш по пријавата за насилен упад во домот и редакцијата на „Инфомакс“, каде што бил нападнат главниот уредник Александар Митовски.

Моментална реакција и обезбедување на местото

Според информациите што ги сподели Митовски, полициските службеници пристигнале за многу кратко време и веднаш презеле мерки за обезбедување на објектот и стабилизирање на ситуацијата. Брзината на интервенцијата спречила можни дополнителни последици.

Ефикасна обработка и службени процедури

По пристигнувањето, полицијата извршила увид и ги спровела сите предвидени процедури. Митовски истакна дека интервенцијата била професионална и навремена, додавајќи дека случајот ќе продолжи да се обработува институционално.

Инцидентот документиран, програмата продолжува

Според уредникот, нападот е снимен од безбедносните камери, а по завршувањето на полициските постапки, програмата на „Инфомакс“ продолжи нормално.

Loading