Комисијата за избори и именувања денеска го предложи Аљбан Кадриу од Тетово за нов член на Судскиот совет, со осум гласа „за“. Кадриу, дипломиран и магистриран правник со положен правосуден испит, беше номиниран од пратеникот Беким Ќоку од коалицијата Вреди.
Предлогот на Европскиот фронт за кандидатот Арбен Исаку беше одбиен. Во својата професионална кариера, Кадриу работел во Владата, МВР и СВР Тетово, а според биографијата на веб-страницата на Собранието, ги исполнува условите за член на Судскиот совет и може да придонесе во реформите во правосудниот систем.

![]()

