Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска ќе ги објави резултатите од Извештајот за спроведениот мониторинг на државните институции за 2025 година, изготвен од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
На денешната прес-конференција, генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, ќе соопшти и детали за спроведените контроли на работењето и финансиското управување во јавните здравствени установи, со цел зголемување на транспарентноста и ефикасноста во функционирањето на здравствениот систем.

![]()

