Трагедијата која го тестира лидерот на Левица: Ќе гласа ли за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев?
Димитар Апасиев, лидерот на Левица, изминатиов период е познат по својата гласна поддршка за родителите од Кочани чија деца загинаа во трагедијата во изгорената дискотека, истакнувајќи ја потребата од правна одговорност и институционална правда.
Меѓутоа, истата решителност сè уште не е јавно изразена во случајот на неговиот пратеник, Сашко Јанчев, кој на 14 септември учествуваше во сообраќајна несреќа во Илинден, при што тешко беше повредено 13-годишно девојче, а возачот на мопедот, 16-годишен малолетник, подоцна почина.
Родителите на повреденото девојче испратија писмо до претседателот на Собранието, барајќи одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев, со образложение дека имунитетот не смее да го попречи процесот на правдата и дека неговото одлагање создава ризик од влијание врз судската постапка. До сега, Апасиев јавно не се произнесол за ова барање, што јавноста го забележува.
Критичарите и медиумите истакнуваат дека разлика меѓу трагедијата во Кочани и несреќата во Илинден во суштина не постои: во двата случаи станува збор за загуба или сериозни повреди на млади животи, а родителите бараат институционална и правна одговорност. И додека Левица и Апасиев се прикажуваат како гласни борци за правдата во еден случај, јавноста забележува дека не постои јавна реакција во другиот.
Случајот со Јанчев сега е во рацете на Собранието, кое треба да одлучи дали ќе се одземе пратеничкиот имунитет. Јавноста внимателно го следи процесот, а прашањето останува јасно: дали принципите на правдата ќе се применуваат доследно или ќе зависат од политичката ситуација.

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
![]()

