„НА РАБОТА, АМА НЕ РАБОТИМЕ“ : ШТРАЈК ВО УПРАВАТА ЗА МАТИЧНИ КНИГИ

Вработените во Управата за водење на матични книги денес ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат работните обврски во знак на револт поради неисполнување на ветувањата, непотпишување на колективни договори и минимални плати.

Според Насер Џемаили, потпретседател на Независниот синдикат на Управата, Управата брои околу 350 вработени, а недостасуваат над 90 работници, што дополнително го влошува одливот на кадар.

Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, истакна дека вработените се приморани на овој чекор и покрај ветувањата од министерството за дигитална трансформација и советникот на премиерот.

Ако ветувањата не се исполнат, не се исклучува можноста за генерален штрајк, што може значително да влијае на граѓаните кои се во потреба од изводи и запишување бракови.

Loading