НАМЕСТО ФОКУС НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, СДСМ „ИГРА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИГРИ“!

Вчера, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата на Собранието на Македонија, на која беа предвидени пратенички прашања и резолуцијата на владејачкото мнозинство против нелегалната миграција.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, од собраниската говорница истакна дека е бесмислено да се поставуваат прашања кога министрите, до кои тие се упатени, не се присутни. Тој додаде дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја осудува опозицијата, што според него е „апсолутно неприфатливо“ во современата демократија.

Од друга страна, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, потенцираше дека резолуцијата не е насочена против опозицијата, туку има за цел да осуди манипулациите на опозицијата и да ја потврди политиката на власта против нелегалната миграција.

Собранискиот спикер, Африм Гаши, истакна дека пратеничките прашања се важен инструмент за контрола на власта и дека е потребно да се подобри односот на Владата кон Собранието.

Овој инцидент ја откри тензијата меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и ја поттикна дебатата за законските и демократските механизми за контрола на власта во Македонија.

Loading