СДСМ ТВРДИ ДЕКА ОТКРИЛЕ ПРЕДАВСТВО – КОЈА Е ВИСТИНАТА?

СДСМ денеска ја критикува кампањата на ДПМНЕ, тврдејќи дека партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од аферата „мигранти за пари“, која ја објавија британските медиуми.

Според партијата, ДПМНЕ е во паника и дури донесе неуставна Резолуција, со која се обидува да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура. СДСМ ја спореди оваа постапка со нацистичкиот декрет на Хитлер од 1933 година, кој суспендирал клучни граѓански слободи.

„ДПМНЕ секојдневно организира прес-конференции за напади на СДСМ, штанцајќи лажни вести и повторувајќи стари фрази од времето на Никола Груевски. Обидуваат да отвораат и по 50 теми дневно, но бегаат од вистината – ‘мигранти за пари’. Граѓаните ја дознаа вистината за предавството на Македонија“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека промената на Законот за странци им овозможува на мигрантите да се претставуваат како економски работници, што според нив е дел од план за избори и мигранти.

„Нема да ви помине. Борбата започна!“, нагласуваат од СДСМ, повикувајќи на внимание кон ова прашање.

Loading