Од утре попладне (вторник) времето во Македонија ќе се промени, а се очекуваат студени и врнежливи денови. Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот и продор на поладен воздух од север, времето ќе биде претежно облачно и релативно ладно.
Во текот на деновите се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои понекогаш ќе бидат пообилни. На планините над 1.300 метри надморска височина дождот ќе преминува во снег, со формирање на снежна покривка.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Следете ја редовно прогнозата за да се подготвите за променливото време.
За повеќе информации и детална прогноза, прочитајте ја метео прогнозата од Славчо Попоски.линк.
![]()

