ДРАМАТИЧНА СМЕНА ВО ДИПЛОМАТИЈАТА: ЗОШТО АГЕЛЕР Е ОТПОВИКАНА?!

Американската администрација на Доналд Трамп ја започна големата реорганизација во дипломатијата, отповикувајќи 30 амбасадори, меѓу кои и американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер. Промените опфаќаат и амбасадори од Африка, Азија и Европа, вклучувајќи Ерменија, Црна Гора и Словачка.

Амбасадата на САД во Македонија потврди дека Агелер е меѓу оние што се отповикани и искажа благодарност за нејзината работа во изминатите три години. Транзицијата ќе биде непречена, а амбасадата ќе продолжи да функционира нормално.

Според Стејт департментот, овие промени се стандардна практика при секоја администрација, но медиумите, како што е Политико, објаснуваат дека целта е реобликување на дипломатските мисии и поставување кадар кој ги поддржува приоритетите на Трамп – „America First“.

Loading