Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ денес ја критикуваше улогата на СДСМ и ДУИ во управувањето со државното претпријатие ЕСМ. Според него, ќерката на поранешниот спикер на Собранието, Талат Џафери, била дел од Надзорниот одбор токму во време кога биле правени наводни криминали и местени тендери вредни 8 милиони евра.
„Истиот оној Џафери, кого СДСМ и ДУИ го избраа за претседател на Собранието, додека неговата ќерка седеше во Надзорниот одбор на ЕСМ. Затоа молчат за скандалите и испраните 2 милиони евра кои завршиле во нечиј џеб“, изјави Петрушевски.
Пратеникот апелира до Јавното обвинителство да постапи транспарентно и да открие како биле раководени државните институции, истакнувајќи дека јавноста заслужува одговори.
Скандалот во ЕСМ и вмешаноста на партиските структури повторно отвора прашања за злоупотреба на моќта и корупција во врвот на државата.
![]()

