Премиерот Христијан Мицкоски денес нагласи дека новиот државен јавен обвинител треба да се фокусира на темелна и напорна работа, со цел враќање на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.
„Народот е жеден за правда и токму тоа е суштинската реформа што треба да се спроведе, а не повисока плата или поголем буџет за обвинителите и судиите“, рече Мицкоски, додавајќи дека повеќе од 100 кривични пријави од институциите долго време остануваат непревземени во фиоки.
Според премиерот, процедурата за избор на новиот јавен обвинител не би требало да трае повеќе од 1,5 – 2 месеци, по што се очекува тој да се посвети на решавање на стари случаи и на борбата против криминалот.
„Граѓаните со право негодуваат кога видат слаба реализација. Потребна е вистинска посветеност и транспарентна работа, без политички ‘шоу-акции’“, додаде Мицкоски.
Оваа порака ја потенцира суштинската потреба за реформа во правосудството, која ќе овозможи ефикасно постапување по кривичните пријави и враќање на довербата на јавноста во институциите.
![]()

