Град Скопје за 2026 година доделува рекордни субвенции, со цел консолидирање на буџетот и поддршка на јавните претпријатија и културните установи. Вкупно се издвоени околу 18,5 милиони евра, од кои најголем дел, 15 милиони евра, ќе добие ЈСП „Скопје“, што е најголема субвенција досега.
Покрај ЈСП, средства се доделуваат и за други јавни установи: „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Дрисла“, „Лајка“, улици и патишта, како и за културните институции. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека помошта е наменета за раздолжување и стабилизирање на работењето на претпријатијата до првата половина на 2027 година.
Иако се најавија дополнителни 55 приватни автобуси, приватните превозници нагласуваат дека станува збор за замена на старите автобуси со понови и еколошки возила, а не за проширување на бројот на линии. Во моментов, ЈСП „Скопје“ продолжува да соочува со проблеми со стар возен парк, долгови кон снабдувачи и скратен возен ред.
Со овие субвенции од Град Скопје, се очекува подобрување на јавниот превоз, подобрување на сервисот и постепено стабилизирање на финансиската ситуација на претпријатието.
![]()

