ШОКАНТНО РАЗОТКРИВАЊЕ: ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ДУБАИ – КАКО ЈА ДОБИ ЗЛАТНАТА ВИЗА И КОЛКУ ПАРИ ИНВЕСТИРАШЕ!

Јавноста е во трка по факти откако ВМРО-ДПМНЕ постави прашања за златната виза во Дубаи на Венко Филипче. Според соопштението, јавноста има право да знае дали визата е добиена преку инвестиција во недвижен имот или бизнис, или преку професионален ангажман како доктор.

За добивање на златна виза во Дубаи, потребна е минимална инвестиција од 500.000 долари. Сепак, Филипче досега не објави документи кои би потврдиле како ги стекнал средствата.

Според сведоштвото на поранешниот соработник Тома Аврамски, и поранешниот премиер Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, каде, како што тврди, имаат станови и двајцата – Заев и Филипче. СДС и Филипче ја потврдија информацијата, но тврдат дека Филипче не е партнер во градежниот проект.

Главното прашање останува: Дали Венко Филипче ја добил златната виза преку инвестиција или професионален ангажман? И доколку визата е стекната преку инвестиција, како докторската плата може да овозможи милионска инвестиција?

ВМРО-ДПМНЕ повикува на јасни факти и документи, со цел јавноста да добие одговори и да се расчистат сите дилеми околу златната виза на Филипче во Дубаи.

Loading