ОД НАСМЕВКА ДО НАСИЛСТВО: ИНЦИДЕНТ МЕЃУ МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ!

Брутална пресметка во италијанскиот град Перуџа, точно во областа Сан Систо, ја потресе јавноста. Конфликтот се случил меѓу Македонци, Албанци и неколку Романци, а причина за насилството била само една фотографија направена со мобилен телефон.

Според информациите од истрагата, вербалната расправија брзо прераснала во масовна тепачка со употреба на столици, маси и дрвени палки долги над 60 сантиметри. Во хаосот, двајца од учесниците обидувајќи се да побегнат со автомобил, удриле 27-годишен Македонец, кој се здобил со тешки фрактури на двете нозе. Лекарите предвидуваат лекување од најмалку 30 дена.

Полицијата и карабиниерите интервенирале веднаш по пријавата на бројот 112, а уапсени се 11 лица на возраст од 19 до 31 година, дел од нив веќе познати на органите на редот. При претресите, кај еден од приведените била пронајдена дрога, а друг се обидел да ги сокрие клучевите од автомобилот за да ја избегне заплената.

Сите уапсени се префрлени во затворот „Капане“ и ќе одговараат за тешко насилство. Полицијата продолжува со истрагата и трага по возачот и неговите сопатници, меѓу кои има и малолетник.

Loading