Тешка трагедија ја одбележа новогодишната ноќ во Швајцарија, откако силна експлозија и пожар избувнаа во популарен бар во скијачкиот центар Кран Монтана. Инцидентот се случил околу 01:30 часот по локално време, во момент кога објектот бил исполн НА ет со туристи кои ја славеле Новата година.
Според информациите од локалните власти, најмалку 10 лица го загубија животот, додека повеќе од 10 се повредени, дел од нив со сериозни изгореници и повреди од експлозивниот бран. Повредените се пренесени во болници во кантон Вале, каде лекарите се борат за нивните животи.
Експлозијата предизвикала брзо ширење на пожарот, при што објектот бил целосно зафатен од пламен. На местото на несреќата интервенирале бројни пожарникарски и спасувачки екипи, а областа била привремено евакуирана поради безбедносни причини.
Полицијата соопшти дека инцидентот не се третира како терористички напад, а причините за експлозијата засега се непознати. Во тек е детална истрага која треба да утврди дали станува збор за технички дефект, истекување на гас или друг фактор.
Сцените од местото на трагедијата покажуваат изгорена зграда, чад и вознемирени туристи, додека новогодишната радост за миг се претвори во хаос и тага. Властите апелираат на смиреност и најавуваат дополнителни информации во текот на денот.
![]()

