НИКОЛОСКИ НАЈАВУВА РЕСТРУКТУРИРАЊЕ И ОБНОВА НА ВОЗНИОТ ПАРК НА МАКЕДОНСКИ ПОШТИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави реструктуирање на Македонски пошти и обнова на возниот парк на државната компанија. Како што рече тој во телевизиско гостување, планирано е 100 нови комби-возила, од кои 90 помали и 10 големи, што ќе помогне за побрза и поефикасна достава.

Според Николоски, приватните пошти го освојуваат 25% од пазарот, но остваруваат повисоки приходи од 18 милиони евра, додека Македонски пошти, со 75% од пазарот, остваруваат само 11 милиони евра. Тој нагласи дека ова е некоректно и ќе се коригира преку реструктуирање, воведување на нов софтвер за управување и законски измени за зголемување на профитабилноста на компанијата.

Министерот потенцираше дека актуелната влада ја консолидирала компанијата без отпуштања на вработени, а платите и законските права се редовно исплаќаат. Тој исто така критикуваше дека претходната влада предводена од СДСМ сакаше да ја продаде компанијата, што според него не е решение за проблемите на Македонски пошти.

Реструктуирањето и модернизацијата на Македонски пошти, според Николоски, ќе ја стави компанијата во конкурентска позиција на пазарот, со подобрување на работењето и рационализација на трошоците, без отпуштања на вработени.

Loading