СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
05 ЈАНУАРИ 2026 ГОДИНА
МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО РЕЗОЛУЦИЈА за осуда на комунизмот и Закон за забрана на неговите симболи и тоталитарна идеологија
Македонски Концепт го поздравува историскиот чекор на Полска и Чешка, кои со Закон ја изедначија комунистичката пропаганда со нацистичката, предвидувајќи затворски казни за нејзино промовирање и финансирање. Тие земји се патоказ за наша полна интеграција во ЕУ. Исто такво законско решение треба да донесе и Македонија.
Прв чекор е донесување на Резолуција во македонското Собрание, со која Македонија ќе покаже дека го следи овој европски пример на Полска и Чешка. Следен чекор е донесување на Закон со кој ќе се потполни правната празнина која дозволуваше глорификација на тоталитарен режим кој вршеше систематски репресии, ликвидации без судски пресуди и прогон на македонските патриоти. Додека Европа ги чисти своите општества од остатоците на тоталитаризмот, кај нас сè уште сведочиме на обиди за рехабилитација на крвавото минато и негова злоупотреба во политички цели.
Нашите клучни барања се:
- Криминализација накомунистичкитесимболи и забрана за нивна јавната употреба, како и говори и собири кои поттикнуваат омраза или сузбивање на основните човекови права мора да се третираат исто како и нацистичката идеологија;
- Забрана за финансирање тоталитаризам.Секое движење или политички субјект кој експлицитно промовира идеи кои водат кон тоталитарно владеење и укинување на демократските слободи, мора да биде предмет на строги санкции и судско гонење;
- Историска правдапреку официјално признавање на криминалите извршени одкомунистичкиот режим во Македонија како основа за институционална заштита на идните генерации и потекло и конфискација на економските и политички привилегии на т.н. црвени барони, кои се стекнати преку владеење на режим и се непречено задржани.
Наводите на левичарските структури, дека ова е напад врз демократијата се само страв од соочување со вистината. Вистинската демократија се заштитува со јасно разграничување помеѓу политичкиот дијалог и глорификацијата на режимите кои убиваа сопствени граѓани.
Македонија не може да биде полноправна и здрава европска демократија сè додека не ги исчистиме темелите од идеологиите кои ја гушеа слободната мисла.
Време е за Нов Модел на македонската државност, преку чекорење свесно на десно. Време е за Македонија на слободни луѓе. Време е за европска Македонија ослободена од стегите на тоталитаризмот!
ЦКА на Македонски Концепт
![]()

