ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение реагира на последните јавни настапи и пораки на СДСМ, обвинувајќи дека, како што велат, „криминогеноста на Зоран Заев и сервилноста на Венко Филипче“ создале нова политичка симбиоза наречена „ЗаеФче“.
Од партијата посочуваат дека СДС, наместо да дејствува како опозиција во Македонија, сè повеќе се занимава со политичките случувања во Србија, преку, како што тврдат, „чаршаф соопштенија пратени од Белград и лошо преведени од српски јазик“.
„ВМРО-ДПМНЕ не се меша во внатрешните политички состојби во Србија. Наш единствен интерес се македонските граѓани и нивната иднина“, нагласуваат од партијата.
Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека опседнатоста на Филипче со Србија и анализите на српската политичка сцена го прават, како што велат, „опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, додавајќи дека ваквиот пристап може да го претвори во „мал Шешељ“.
„Оваа политичка симбиоза ЗаеФче го води СДС кон сигурна пасокизација и политичко исчезнување. Тоа е нивен избор, иако ние не сме среќни што една голема партија се претвора во маса и послужавник за туѓи лични интереси“, се вели во реакцијата.
![]()

