ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ! ЧЕСТИТ БОЖИК!

Христијанските верници денеска го одбележуваат големиот христијански празник Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, кој се смета за симбол на мирот, љубовта и надежта. Божик традиционално се прославува во семејна атмосфера, со почитување на вековните христијански обичаи и духовни вредности.

По завршувањето на бадниковиот пост, утрово во храмовите ширум земјата се одржуваат божикни литургии, на кои верниците упатуваат молитви за здравје, благосостојба и мир во домовите и светот.

Во семејните домови, Божик се дочекува со празнична божикна трпеза, а меѓу најблиските се разменува традиционалниот поздрав:
„Христос се роди – Навистина се роди“.

Loading