Премиерот Христијан Мицкоски повторно демонстрира силно лидерство, визија и државничка одговорност, најавувајќи лидерска средба со сите парламентарни партии со цел постигнување широк политички консензус за клучните реформски закони и укинување на техничката Влада – механизам кој со години го кочи институционалниот капацитет на државата.
Лидерската средба, која се очекува да се одржи во наредните 7 до 10 дена, пред заминувањето на премиерот на Светскиот економски форум во Давос, ќе биде уште еден доказ за инклузивниот, европски и реформски пристап на Мицкоски. Тој јасно порача дека иднината на државата, особено патот кон Европската Унија, мора да се гради на дијалог, зрелост и заедничка одговорност.

Реформските закони, кои веќе имаат позитивни оценки од меѓународните институции, според Мицкоски не смеат да бидат жртва на дневна политика. Наместо тоа, потребен е национален договор кој ќе обезбеди стабилност, функционални институции и побрза европска интеграција.
Во однос на техничката Влада, премиерот со аргументи и политичка храброст отвора тема која со години се избегнуваше. Тој нагласува дека ваквите суштински промени во политичкиот систем треба да се носат со целосен консензус, но и со јасна визија за поефикасна и посилна држава.
Со вакви чекори, Мицкоски се позиционира како најодлучниот и најодговорниот премиер во поновата историја, кој не бега од тешки одлуки, туку ги отвора во интерес на граѓаните и европската иднина на Македонија.
![]()

