МИЦКОСКИ ЖЕСТОКО: Со измените на Кривичниот законик СДСМ и ДУИ СИ ИЗГЛАСАА САМОАМНЕСТИЈА

Мицкоски: СДСМ и ДУИ со измените на Кривичниот законик си изгласаа самоамнестија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остро ги критикуваше измените на Кривичниот законик донесени од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, оценувајќи дека со нив е создадена правна основа за самоамнестија на поранешни функционери и сериозно е нарушено владеењето на правото.

Во гостување на Телевизија Алфа, Мицкоски истакна дека правосудниот систем во државата е делумно контаминиран, а најголемиот проблем произлегува од можноста обвинети лица да се повикуваат на поповолен закон.

„Генерално, луѓето во правосудството се чесни, но има мал дел партиски послушници кои го контаминираат целиот систем. Тие се рецидив од владеењето на СДСМ и ДУИ и се борат да обезбедат бенефиции за оние што ги поставиле“, изјави Мицкоски.

Според него, довербата во правосудството е нарушена од два клучни моменти – изборот на судии во минатото и последните измени на Кривичниот законик, со кои беше избришан значаен дел од членот 353.

„Со бришењето на овој фамозен член целта беше двојна – прво да се амнестираат самите себе, а второ да се заштити некој што можел да ѝ нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ. Во првото успеаја, во второто не“, нагласи тој.

Мицкоски предупреди дека и во иднина поранешните функционери ќе се повикуваат на поповолниот закон, без разлика на новите законски измени.

„Тие секогаш ќе се повикуваат на законот што важел во нивно време. Токму тука е најголемата штета врз правдата“, заклучи Мицкоски.

Loading