Жесток судир меѓу СДСМ и Иван Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“
Политичката сцена во Македонија повторно е вжештена по острите меѓусебни обвинувања меѓу СДСМ и вицепремиерот во Владата предводена од Христијан Мицкоски, Иван Стоилковиќ. Повод за судирот е присуството на Стоилковиќ на настан во Република Српска, поточно во Бања Лука, по повод одбележувањето на Денот на Републиката.
Обвинувањата на СДСМ
Од СДСМ јавно го обвинија Стоилковиќ дека има блиски врски со Српската напредна странка и со руската националистичка група „Ноќни волци“, тврдејќи дека неговото присуство во Бања Лука не е случајно. Според опозицијата, ова е доказ за политичка и идеолошка поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ, српските власти и структури блиски до Кремљ.
Во партиското соопштение се наведува и дека Стоилковиќ јавно се пофалил со своето често присуство на вакви настани, дури и повеќе од српскиот министер за култура Никола Селаковиќ. СДСМ дополнително прави паралела со најавеното повлекување на фирма поврзана со Џаред Кушнер од проект во Белград, оценувајќи дека станува збор за уште еден пример на коруптивни практики во регионот.
Опозициската партија прашува дали вицепремиерот дејствува како неформален офицер за врски меѓу владата на Мицкоски, српските власти и руските интереси, и дали антиeвропската реторика на актуелната власт е дел од поширок план за изолација и контроверзни тендери.
Иван Стоилковиќ остро ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како навредливи и политички мотивирани. Тој истакна дека присуството на Денот на Република Српска е практика што ја следи со години и дека тоа никогаш не било спротивно на интересите на македонската држава.
„На истите настани присуствуваат и меѓународно познати личности, како Род Благојевиќ, поранешен американски гувернер и соработник на Доналд Трамп, како и универзитетски професори и геополитички аналитичари“, нагласи Стоилковиќ, додавајќи дека ваквите контакти носат долгорочни придобивки за Македонија.
Во својата јавна реакција, тој употреби исклучително остра реторика кон СДСМ, оценувајќи дека нападите се обид „лузерите малку да се стоплат“ и дека придобивките од неговите активности ги чувствува целата држава.
повеќе на линкот подолу⬇️
![]()

