КОЈ ЈА ПРЕЛЕА ЧАШАТА? ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ПОТЕГ ШТО МЕНУВА СÈ

Филипче најави тужба за клевета по обвинувањата за рекет поврзани со Жан Митрев

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе поднесе тужба за клевета по, како што оцени, засилената црна кампања и серијата обвинувања што во изминатиот период се пласираат против него од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На вонредна прес-конференција во партиското седиште, Филипче истакна дека последните обвинувања поврзани со кардиохирургот Жан Митрев, во кои му се импутира наводен рекет врз приватната болница, се моментот кога, како што рече, „чашата е прелеана“.

Тој нагласи дека станува збор за груби лаги и јавна клевета, потенцирајќи дека доколку постои каков било основ, обвинувањата треба да се процесуираат институционално, а не преку медиумски написи и политички конструкции.

„Го повикувам Жан Митрев и институциите да поднесат кривична пријава ако имаат докази. Наместо тоа, гледаме медиумски напади, затоа што знаат дека лажат“, изјави Филипче.

Лидерот на СДСМ посочи дека со месеци е цел на јавен линч, дискредитација и, како што рече, обид за негова целосна дехуманизација, додавајќи дека ваквата кампања има за цел да го дефокусира вниманието од реалните проблеми на граѓаните и, според него, слабите резултати на Владата.

Воедно, Филипче најави дека опозицијата ќе продолжи со објавување документи за, како што тврди, злоупотреба на државни институции и испумпување јавни пари за партиски цели, вклучително и исплати преку јавни претпријатија и министерства.

Loading