ВМРО-ДПМНЕ жестоко: СДСМ го „дозакопа“ Филипче со правдање на гафот преку Милорад Додик
ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција го нападна СДСМ, обвинувајќи дека со последното соопштение дополнително го компромитирале Венко Филипче, обидувајќи се да го оправдаат неговиот гаф преку ширење на изјава од Милорад Додик.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не ја разбираат „возбудата на СДС и нивните српски тутори“ и оценуваат дека е апсурдно македонска опозициска партија да се повикува на ставови на контроверзни регионални политичари за да се правда сопствен функционер.

„Веројатно соопштението го пишувале во придружба на песните ‘Ко то каже, ко то лаже’ или ‘Над краљевом жива ватра сева’, а можеби и Грегоријанецот Венко, кој е изгубен меѓу неколку календари и неколку држави, наоѓа некаква логика во сето ова“, се наведува во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, нема никаква логика да се реагира на, како што велат, „глупаво соопштение“ на СДСМ, во кое се пренесува изјава од Милорад Додик.
„Ниту едно соопштение не може да го оправда Венко Филипче во неговите лудории и гафови“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа размена на остри соопштенија дополнително ја заострува политичката конфронтација меѓу двете најголеми партии, при што јавноста повторно е сведок на меѓупартиски напади со силен ироничен и навредлив тон.
![]()

