Во јавноста сѐ погласни се барањата за одговорност и транспарентност во врска со образовните политики и стратегиите што ги спроведува Министерството за образование и наука, предводено од Весна Јаневска. Родителите бараат јасни одговори за тоа дали и како ваквите европски резолуции и стратегии ќе се одразат врз националните образовни програми, наставните содржини и воспитната улога на семејството. Според нив, секоја стратегија што директно или индиректно навлегува во чувствителни прашања поврзани со идентитетот и воспитувањето на децата мора да биде предмет на широка јавна дебата и консензус, а не да се наметнува без активно учество на родителите.

Парламентарното собрание на Советот на Европа вчера, 29 јануари 2026 година, гласаше за предлог Резолуција со која се повикува на целосна забрана на т.н. конверзиона терапија во земјите членки.
Резолуцијата се претставува како мерка за заштита на човековите права, но во јавноста и кај дел од граѓанските организации се отвори сериозна дебата околу можните последици од нејзиното усвојување, особено во однос на родителските права, слободата на говор и верските слободи.

Според критичарите, текстот на резолуцијата остава простор за широко толкување на поимот „конверзиона терапија“, што може да доведе до ситуации во кои:
-
родители би можеле да бидат обвинети за влијание врз децата во согласност со сопствениот светоглед,
-
психолози и психијатри би се соочиле со ограничувања во нивната стручна работа,
-
верски заедници би можеле да се најдат под притисок поради духовни или пасторални практики поврзани со прашања на идентитет.
Коалицијата за заштита на децата испрати официјален допис до делегацијата на Република Македонија во Парламентарно собрание на Советот на Европа, со апел пратениците да гласаат против резолуцијата и да ги земат предвид потенцијалните долгорочни последици.
Дополнително, дел од организации кои се залагаат за правата на лезбејките, геј и бисексуалците јавно изразија резерви кон резолуцијата, оценувајќи дека таа не нуди соодветна заштита за ЛГБ лицата, а истовремено создава ризик од ограничување на основни слободи.
Дебатата околу ова прашање повторно го отвора прашањето за тоа како да се воспостави баланс помеѓу заштитата на индивидуалните права и зачувувањето на слободата на мисла, говор, воспитување и вероисповед — особено во земјите кандидати за членство во Европската Унија, кои се соочуваат со зголемен притисок за усогласување со европските политики и стандарди.
Веста на следниот линк: https:https://www.facebook.com/share/p/1FywhAsrRX/
![]()

