Петар Богојески во статус на социјалните мрежи пишува дека Србија и Турција веќе се во тивка, но сериозна битка за влијание врз Македонија, предупредувајќи на засилена турска експанзија и ново геополитичко прегрупирање на Балканот, во кое Македонците повторно ризикуваат да останат притиснати меѓу туѓи интереси.
Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од статусот https://www.facebook.com/share/p/17pjTUtkNM/

СРБИЈА И ТУРЦИЈА ВЕЌЕ СЕ ВО БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА
Единствени кои сериозно им се замешуваат на Србите во владеењето со Вардарска Македонија во последниве над 100 години се Турците. Во овие моменти масовно се населуваат тука, преземаат бизнис иницијативи, банкарски и енергетски сектор, образование и култура… огромни финансиски и човечки ресурси се ставени на располагање, имаме масовна турска експанзија во Македонија.
Грците ќе бидат на страна на Србите…
Бугарите се ставени „ad acta“, и онака никогаш не биле сериозен фактор.
Албанците ќе чекаат по планините “како до сега”, да видат што може да ќарат за себе во таа битка.
Каде сме Македонците во сето ова?
Повторно сме ставени помеѓу “чеканот и наковалната”, повторно во измачување. Повторно да бираме страни. Изгубени во простор и време, како и обично во последниве векови!
Поделени помеѓу себе, повеќе мразиме македонска Македонија од колку било чија! Затоа и никогаш сме ја немале! Народ што не учи од историјата, ќе си остане заробен во истата.
Политичарите веќе ред се редат во “унгарско – српски” или во турски ред!
Ние од Македонски Концепт остануваме во македонски ред, па макар биле последните!
Не затоа што сме силни сами, туку затоа што силно веруваме во Каузата за Македонија!
![]()

