ТИВКО, А МОЌНО: СЕ РЕДЕФИНИРА ВРВОТ – ДЕНЕС СЕ РЕШАВА СÈ!

Се укинува функцијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ: Сите потпретседатели влегуваат во Извршниот комитет

Функцијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината, а сите актуелни потпретседатели ќе бидат предложени за нови членови на Извршниот комитет (ИК) на партијата. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски во гостување на МРТВ.

Како што најави Мицкоски, одлуката ќе се разгледува на утрешната седница на Централниот комитет, на која се очекува и распишување повик за избор на нов претседател на Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади. Овие чекори се дел од најавеното кадровско и организациско освежување во партијата.

Премиерот истакна дека новиот Извршен комитет се очекува да брои вкупно 29 членови, со што, според него, ќе се зголеми ефикасноста и оперативноста на партиското раководство.

Дополнително, Мицкоски откри дека во 2029 година ВМРО-ДПМНЕ ќе добие ново раководство и дека тој нема повторно да се кандидира за претседател на партијата.

Loading