СДСМ БЕЗ ВИЗИЈА, ФРЧКОСКИ СО НОВА МАНТРА ЗА „ИЗОЛИРАНА МАКЕДОНИЈА“

СДСМ без план, со фрази и „впечатоци“ – Фрчкоски повторно без факти

Сѐ појасно станува дека во СДСМ не одлучуваат луѓе избрани од членството, туку круг на поранешни активисти поврзани со странски фондации, кои по прекинот на финансирањето останаа без влијание и без реална политичка тежина. Наместо идеи, визија и аргументи, јавноста добива празни фрази и лични напади.

Последниот настап на Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски и член на Извршниот одбор на СДСМ, уште еднаш ја покажа длабоката криза во која се наоѓа партијата. СДСМ денес нема ниту јасен политички план, ниту аргументирана критика заснована на факти, туку континуирано повторува дека Македонија не започнува преговори со ЕУ поради актуелната власт, иако токму владата на СДСМ потпиша таен договор со Бугарија, со кој практично се прифати бугарското вето и диктат.

Пред само неколку дена, Советот на Европа јавно оцени дека Македонија успешно ги исполнила сите потребни услови и критериуми за почеток на преговорите со Европската унија. Но за СДСМ, овој официјален европски документ очигледно нема значење. Наместо тоа, партијата се води од сопствени „впечатоци“ и политички конструкции.

СДСМ без задршка го нарекува премиерот на Унгарија „диктатор“, иако станува збор за земја-членка на ЕУ. До скоро истото го тврдеа и за поранешниот словенечки премиер Јанша, како и за политичари од десницата во Австрија и Италија. Денес, новата мантра на СДСМ е дека Македонија е „изолирана и проруска“, теза која очигледно има за цел да се пласира во Брисел, со надеж дека партијата повторно ќе дојде на власт без избори.

Овој „впечаток“, повторно без ниту еден конкретен доказ, последен пат го повтори Јон Фрчкоски во гостување на радио Канал 77, во емисијата „Стадион“.

– Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа што таа само ќе се продлабочува и нема да го спречи иселувањето, ниту ќе ги врати младите. Напротив. И покрај изјавите на премиерот дека млади се враќаат со авиони, прашањето е дали воопшто има визија за нивната иднина тука – рече Фрчкоски.

Во делот на надворешната политика, тој оцени дека Македонија денес е подалеку од стратешкото партнерство со САД отколку кога било досега.

– Партнерството со САД отсекогаш било исклучително важно. Но имам впечаток дека денес сме подалеку од било каква реална поддршка. Немаме конкретни односи, туку само шетање по ходници, без резултат. Во Давос немаше средби со сериозни лидери, а истовремено декларативно зборуваме за Запад, додека во пракса сме на линија Орбан – Вучиќ – Мицкоски, која не води кон ЕУ и САД, туку веројатно кон Москва – изјави Фрчкоски.

Сепак, за разлика од официјалните европски документи и заклучоци, овие тврдења на СДСМ остануваат без факти, без аргументи и без реална поткрепа.

А.А

Loading