ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ ОД СДСМ: 74 ТЕНДЕРИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ – МИЛИОНИТЕ ЗАВРШИЛЕ КАЈ „ОМИЛЕНА“ ФИРМА НА ВЛАСТА!

СДСМ: „Ленди Груп“ добила 74 тендери вредни 17,6 милиони евра за две години

СДСМ денеска обвини дека фирмата „Ленди Груп“, која според партијата е блиска до власта, во период од две години добила вкупно 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра. Според тврдењата, наглиот пораст на склучени договори започнал во 2024 година, продолжил во 2025 година и трае до денес.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција изјави дека само во текот на минатата година биле склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Симптоматично е што вредноста на овие договори речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите. Ова е основен сомнеж – индикатор за наместени тендери и јавни набавки“, изјави Димитријевиќ.

Од СДСМ велат дека институциите речиси два месеци не реагираат на претходно изнесените наводи на нивниот Антикорупциски тим. Димитријевиќ ги повика Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Државна комисија за спречување на корупцијата и Финансиска полиција да постапат и да ги испитаат наводите.

Тој додаде дека додека се кратат субвенциите за земјоделците и нема средства за повисоки плати, „едни исти фирми добиваат милионски тендери“. Според него, покрај 74-те тендери за „Ленди Груп“, постојат и други случаи – 161 тендер за семејна фирма на Томовски и 51 тендер за друга фирма преку општините.

Од СДСМ ја обвинија коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија дека тендерите ги третира како „томбола која си ја даваат сами на себе“.

Засега нема реакција од прозваните институции ниту од посочените компании во однос на обвинувањата изнесени од опозициската партија.

Loading