КАКО „ПАДНА“ ГРУБИ? Апсење на Блаце по потерница и истрага за милионска штета

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби утрово е лишен од слобода на граничниот премин Граничен премин Блаце, соопшти Министерство за внатрешни работи на  Македонија.

Според официјалните информации, на 23 февруари 2026 година во 06:10 часот, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година) бил приведен врз основа на активна мерка „апси“ и задржан за понатамошна постапка.

Тој е опфатен со истрага што се однесува на работењето и договорите на Државна лотарија на  Македонија, а предметот вклучува сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки.

Според обвинителството, постои сомнеж дека одлуки и договори донесени во рамки на институцијата предизвикале значителна финансиска штета, проценета на околу 500 милиони денари, односно над осум милиони евра. Во истрагата се наведува дека преку спорни постапки биле фаворизирани одредени економски субјекти.

Судот претходно му одредил мерка притвор, а надлежните органи имале распишано потерница поради негово непојавување пред правосудните институции. Се очекуваат дополнителни информации за понатамошниот тек на постапката.

Loading