ШТО СЕ ДОГОВАРАЛО ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ? ТРЕНЧЕВСКА СО АЛУЗИИ ЗА „ТЕАТАР“ И ТАЕН ДОГОВОР ЗА ГРУБИ!

Јована Тренчевска изјави дека СДСМ воопшто не се плаши од она што ќе го каже Артан Груби во судската постапка, коментирајќи го неговото враќање во земјава и мерките што му се определени.

Гостувајќи во емисијата ТОП ТЕМА, Тренчевска истакна дека јавноста била доведена во заблуда со информациите дека Груби бил уапсен. Според неа, тој сам се пријавил на граничен премин, по што бил спроведен во истражен затвор и изведен пред суд.

Таа нагласи дека мора да се прави јасна разлика меѓу самопријавување и апсење, односно приведување. Дополнителен сомнеж, според Тренчевска, отвора фактот што службениците кои го привеле на границата, како што тврди, не биле од граничната полиција, туку од друг оддел, што за неа упатува на можен претходен договор.

„Театарот се случи на границата, а договорот се виде во судницата“, изјави таа, посочувајќи дека лице кое ја напуштило државата и 14 месеци не било достапно, првично добило мерка притвор од 30 дена, но по враќањето и самопријавувањето таа била преиначена во куќен притвор.

Тренчевска изрази уверување дека, според неа, подолго време се договарало за враќањето на Груби, со цел наместо во ефективен притвор да заврши во куќен притвор. Таа оцени дека таквиот исход е недопустлив и побара целосна транспарентност во постапката.

Loading