Мицкоски ја отвори ПАНДОРИНАТА КУТИЈА за пандемијата – кој ќе одговара?

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон поранешната влада предводена од СДСМ, обвинувајќи ја дека лошо се справила со ковид-кризата и дека оставила сериозни последици врз државата.

Во изјава за медиумите, тој реагираше на настапот на лидерот на СДСМ, кој се осврнал на мерките преземени за време на пандемијата. Мицкоски посочи дека, според него, најсилниот впечаток што останал од тој период е високата стапка на смртност.

„Тие зборуваат за мерки и споредби, но ја прескокнуваат суштината – дека Македонија беше меѓу земјите со најтешки последици од ковид-пандемијата“, изјави премиерот, одговарајќи на новинарско прашање во врска со критиките од опозицијата за економските политики на Владата.

Сепак, податоците покажуваат дека иако земјава се соочи со значителен број жртви, не беше на самиот врв во Европа според смртност по глава на жител. Пред Македонија се најдоа неколку држави, меѓу кои Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Мицкоски дополнително ја критикуваше тогашната власт за начинот на обезбедување вакцини, тврдејќи дека институциите биле принудени да бараат помош од соседството. Според него, дел од граѓаните дури патувале надвор од државата за да се имунизираат.

„Ова се факти за кои ретко ќе слушнете од опозицијата, која наместо тоа, според нас, пласира неосновани обвинувања“, додаде тој.

Изјавата беше дадена по настанот на кој беше пуштен во употреба реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.

Loading