Мицкоски со државнички став: Познавањето јазици е богатство, а почитта – темел на општеството
Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш демонстрираше зрел, инклузивен и државнички пристап во дебатата околу употребата на јазиците, испраќајќи силна порака за почит, разбирање и заедништво.
Одговарајќи на пратеникот Скендер Реџепи, Мицкоски јасно потенцираше дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се официјални на целата територија, согласно Уставот, но истовремено ја истакна и важноста од употребата на јазиците на заедниците таму каде што тие се застапени.
„Ниту еден јазик не ми пречи, ниту ќе ми пречи. Напротив, се трудам да учам и да напредувам. Колку повеќе јазици знаеме, толку сме побогати како луѓе“, порача премиерот, покажувајќи исклучителна отвореност и современо лидерство.

Тој изрази надеж дека во блиска иднина ќе може директно да ги разбира обраќањата и без превод, додавајќи дека веќе има основно познавање на одредени изрази, што говори за неговата посветеност и личен развој.
Во однос на случајот со министерката за образование, премиерот зазеде јасен и принципиелен став, осудувајќи го непристојното однесување на новинарот. Мицкоски нагласи дека основната култура и човечност мора да бидат над сè, без разлика на јазикот или етничката припадност.
„Недозволиво е некој така да ѝ се обрати на жена, особено во чувствителен момент кога таа минува низ тежок личен период. Ова не е прашање на етничка припадност, туку на елементарна човечност“, истакна премиерот.
Со ова, Мицкоски уште еднаш се позиционира како лидер кој ги обединува граѓаните, промовира меѓусебна почит и гради општество засновано на вредности, дијалог и достоинство.
![]()

