Вицепремиерот Александар Николоски со силна и аргументирана порака ја разобличи, како што истакна, штетната политика на Левица, обвинувајќи ја дека со „хистерија“ директно го кочи економскиот развој на државата.
На вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања, Николоски му реплицираше на пратеникот Амар Мецановиќ, потенцирајќи дека популизмот и блокадите што ги создава Левица имаат реални економски последици.
„Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвораат работни места, се зголемуваат цените на становите, а младите се иселуваат“, истакна Николоски.
Тој нагласи дека Владата води јасна и модерна политика на олеснување на инвестициите, со конкретни чекори за забрзување на урбанизацијата и отворање на пазарот. Како доказ за тоа, ги посочи најавите за влез на големи европски трговски ланци како Лидл и Шпар, што ќе донесат поголема конкуренција и пониски цени.

Николоски посочи дека измените на правилниците и законите имаат за цел да овозможат побрза изградба на маркети, болници, училишта и катни гаражи, потенцирајќи дека сите проекти се надвор од заштитени подрачја и во согласност со стандардите.
Во својот говор, тој остро реагираше и на, како што рече, „монтираните напади и политички манипулации“, потсетувајќи на минатото и улогата на Димитар Апасиев и структурите околу партијата.
Особено ја нагласи директната врска меѓу блокадите и растот на цените на недвижностите:
„Во Охрид цената на квадрат достигна 4000 евра – тоа е резултат на ваквата хистерија. Во Скопје веќе сме на 2500 евра. Ако продолжи ова, ќе стигнеме и до 5000 евра“, предупреди Николоски.
Со јасна економска логика, тој подвлече дека инвестициите значат нови работни места, повисок стандард и задржување на младите во државата, додека популизмот води кон стагнација.
![]()

