Новиот меѓународен секретар на СДСМ, Андреј Жерновски, во гостување кај Ландов реши да расчисти една од најголемите дилеми на македонската јавност – кој автомобил точно го возел, а кој не.
Иако во јавноста кружат информации за наводен сообраќаен прекршок со „мерцедес“ пред скопски локал, Жерновски е дециден: таков автомобил со тие таблички – не возел. Но, за да не останеме без никаква автомобилска приказна, самиот признава дека возел „неколку коли“ – од братучед, од брат… и така натаму.
Практично, ако се суди по изјавата, возниот парк е семеен, флексибилен и достапен – нешто како кар-шеринг, ама без апликација.
Ситуацијата неизбежно потсетува на веќе познатиот „комшиски автомобил“ на Артан Груби, па изгледа дека нов тренд се шири низ политичката сцена: автомобилите не се лични, туку колективно искуство.
Во суштина, пораката е јасна –
мерцедесот не е негов, ама воланот не му е непознат.
![]()

