АХМЕТИ СО ОСТРА ПОРАКА: БЕЗ ВЛАДЕЕЊЕ НА АЛБАНЦИТЕ НЕМА ИДНИНА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Лидерот на Али Ахмети, на маргините на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, испрати пораки кои се однесуваат на политичката и општествената состојба во Македонија, со посебен акцент на положбата на Албанците и употребата на албанскиот јазик.

Говорејќи на панел-дискусија, Ахмети предупреди дека постојат предизвици во однос на статусот на јазикот и оцени дека е неопходно негово дополнително унапредување. Според него, албанскиот јазик е веќе дефиниран и заштитен преку Охридскиот рамковен договор, но потребна е континуирана грижа за неговата практична примена.

Ахмети нагласи дека одговорноста за почитување на овие принципи не е само домашна, туку ја делат и меѓународните партнери, вклучително и САД, Европската унија и НАТО, заедно со политичките актери во земјата.

Во своето обраќање тој потенцираше дека стабилноста и перспективата на Македонија се тесно поврзани со меѓуетничката соработка. Според него, заедничкиот живот и соработката меѓу Македонците и Албанците се клучни за иднината на државата.

„Перспективата на земјата лежи во коегзистенцијата и партнерството меѓу заедниците“, порача Ахмети, потенцирајќи дека без таа рамнотежа се доведува во прашање долгорочната стабилност.

Самитот во Тирана собра претставници од дијаспората, како и високи функционери од регионот, меѓу кои и дипломати од Косово и Албанија, при што фокусот беше ставен на регионалната соработка и улогата на дијаспората.

Loading