Во време кога јавноста е заситена од предвидливи политички пораки, лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, излезе со кратка, но исклучително впечатлива објава која отвори повеќе прашања отколку што даде одговори. https://www.facebook.com/share/r/1TUCGA781h/
Со пораката „Кој ги контролира твоите пари – ти или системот?“ и слоганот „Твои пари, твоја слобода“, Богојески најавува нешто што, според првичните реакции, би можело да донесе освежување во јавниот дискурс.
Без дополнителни објаснувања, без класични политички флоскули и без вообичаени ветувања, пораката остава простор за интерпретација, но и за зголемена љубопитност. Токму ваквиот минималистички пристап, кој се потпира на силна идеја наместо на долги говори, се издвојува од досегашната пракса на домашната политичка сцена.

Во објава што веќе се споделува на социјалните мрежи, клучната порака е јасна: „Помалку пречки. Повеќе слобода.“ Но, што точно стои зад оваа најава – засега останува енигма.
Политичкиот амбиент во земјата ретко нуди ваков тип на комуникација – кратка, директна и намерно недоречена, што дополнително го зголемува интересот кај јавноста.
Со едноставното „Наскоро…“, Богојески отвора простор за очекувања дека следува нешто што ќе се обиде да излезе од рамките на веќе виденото.
Со денешното објавување на видеото, Богојески дополнително ја засили љубопитноста во јавноста, отворајќи простор за различни толкувања и очекувања. Иако пораките се јасни и впечатливи, суштината на она што се најавува сè уште останува недоречена.
Дали станува збор за нов концепт, поинаков пристап или целосно нова политичко-економска насока – засега не се открива.
![]()

