НЕВИДЕН СКАНДАЛ! СДСМ УДРИ ПО МИЛЕНКО И ТАСЕВСКИ – СЕ БАРААТ САНКЦИИ И РАЗРЕШУВАЊА!

Форумот на жени на Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска најави поднесување соодветни пријави против Миленко Неделковски и актерот Сашо Тасевски, обвинувајќи ги за ширење навреди, омраза и понижувачки говор кон жените во јавниот простор и на социјалните мрежи.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција побара институциите итно да реагираат поради, како што рече, зачестените јавни напади и говор на омраза насочен кон жени. Повод за реакцијата е видеото што изминатиот викенд се појави на социјалните мрежи, а на кое фудбалери на ФК Вардар пеат навредлива песна со вулгарна содржина поврзана со Каролина Гочева и Битола.

Шукова оцени дека ваквите пораки се особено загрижувачки во време кога државата се соочува со раст на насилството врз жените и случаи на фемицид, при што институциите, според неа, не реагираат соодветно. Од Форумот на жени на СДСМ побараа Миленко Неделковски да биде разрешен од функцијата извршен директор на Вардар, додека за Сашо Тасевски побараа санкции и ограничување на неговите видеа на социјалните мрежи, за кои тврдат дека содржат навреди и омаловажувања кон жените.

Во своето обраќање, Шукова ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со години создава атмосфера на поделби и говор на омраза кон политичките неистомисленици, новинари и активисти. Таа посочи дека ваквата реторика придонесува за продлабочување на нетрпеливоста во општеството и создавање простор за јавни навреди и деградација.

Во меѓувреме, Фудбалска федерација на Македонија веќе соопшти дека покренала дисциплинска постапка против Вардар поради недоличното однесување за време на прославата на шампионската титула. Реакција пристигна и од министерот за спорт Борко Ристовски, кој најави дека ќе се бара начин за санкционирање на ваквото однесување во спортот.

Loading