БОГОЈЕСКИ СО ИЛИНДЕНСКА ПОРАКА: Републиката е завет што мора да го пренесеме посилен!

Во духот на Илинден и вечниот завет за слободна, суверена и праведна македонска Република, ја споделуваме силната државотворна порака на професорот Петар Богојески, лидер на Македонски Концепт:https://www.facebook.com/share/p/14f44YaMzWq/

Заветот за Републиката е наш патоказ! Таа е градена со жртва, а се чува со одлучност! Илинден е потсетник кои сме и за што се бориме!
Почитувани македонски граѓани,
Денес го славиме вековниот стремеж за сопствена држава. Илинден е столбот на нашата државност и темелот врз кој е изградена нашата Република. На овој светол ден, со длабок пиетет се поклонуваме пред визијата на Илинденците и Асномците, кои ни ја оставија најголемата светиња: слободна, суверена и демократска држава.
Илинден е потврда дека народниот суверенитет и републиканизмот се непоколеблива волја на овој народ. Републиканизмот не е само форма на владеење. Тоа е завет за слобода, рамноправност и одговорност пред сопствениот народ. Наша највисока должност и патриотска обврска е безусловно да ја чуваме и зајакнуваме македонската државност. А таа не е дадена еднаш засекогаш, таа се брани и гради секој ден.
Нашата мисија како политичка партија Македонски Концепт е јасна: зачувување на државните темели и суверенитет, одбрана на идеалите на Крушевската Република и доследно исполнување на заветот на нашите претци.
Нема да отстапиме од обврската да изградиме силна, стабилна и праведна Република за сите наши деца. Заветот што го наследивме од генерациите пред нас е јасен: да ја чуваме Републиката како највисок израз на нашата слобода. Наша должност е тој завет да го пренесеме нескршен и посилен на оние што доаѓаат по нас.
Честит 2 Агуст, Ден на Републиката!
Да живее Република Македонија! 🇲🇰

Loading