Може ли Македонија да побара историска правда пред светот, ако претходно не се соочи и со злосторствата извршени од Македонци врз сопствениот народ? Токму ова тешко и чувствително прашање го отвора професорот Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, најавувајќи „општонароден проект“ за документирање и меѓународно претставување на геноцидот врз Македонците.
Според Богојески, ваквата иницијатива не може да остане само историска расправа или политичка декларација. Таа бара народна поддршка, сериозна домашна и меѓународна експертиза, институционални акти и аргументирани документи што би биле доставени до релевантните меѓународни организации.
Но најконтроверзниот дел од неговата порака не се однесува на злосторствата извршени од соседните народи и држави, туку на она што тој го нарекува „автогеноцид на Македонците врз Македонците“. Богојески повикува на отворање на прашањето за прогоните, репресијата и злосторствата врз сопствениот народ во времето на Лазар Колишевски и тогашниот политички апарат.
Дали македонското општество е подготвено да ја отвори и најболната страница од сопственото минато – онаа во која улогите на жртвата и злосторникот не се поделени со државна или етничка граница? Богојески смета дека токму таквото соочување е неопходно за национално ослободување од децениските историски заблуди и наметнати политички догми.
Во продолжение, интегралната објава на професорот Петар Богојески:https://www.facebook.com/share/p/18qLu9gkZ5/

![]()

