Рама: Германија нека си најде друга држава, АЛБАНИЈА ЌЕ ГИ ПРИМА САМО БЕГАЛЦИТЕ КОИ ОДАТ ЗА ИТАЛИЈА

Албанскиот премиер Еди Рама, во пресрет на отворањето на прифатниот центар во Шнѓин и кампот во Ѓадр, каде ќе бидат сместувани имигранти, во интервју за „Ројтерс“ отфрлил секаква можност за договор со друга земја од ЕУ, освен Италија, за прием на имигранти, пренесуваат албанските медиуми.

Додал дека Албанија склучила договор со Италија да ги прифати бегалците кои пристигнуваат таму, за да помогне во спречувањето на нерегуларната миграција во ЕУ.

Запрашан дали е можен таков договор и со Германија, тој одговорил дека во моментов нема доволно капацитет и оти „Германија мора да најде друг партнер“.

Loading