Откако Артан Груби објави дека се повлекува од јавниот живот наскоро би можел да замине и Али Ахмети.. Оваа одлука тој ја објави на социјалните мрежи два дена откако Стејт департментот го стави на американската „црна листа“ поради вмешаност во значителна корупција.
„Јас пред Бог, семејството и пријателите сум чист како солза, но со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничиј политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот и за ова го информирав претседателот Ахмети уште од првиот ден. Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети,“, пишува Груби во објавата.
Министерот за здравство и поранешен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во поткастот „Бизнис муабети“ со Мишко Иванов рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побргу од очекуваното ќе се повлече од политиката.
– Дека е крајот на политичката кариера на господинот Ахмети, во тоа сум сигурен. Локалните избори ќе бидат печат. Кога и да се одржат,тогаш ќе биде и оставката на Ахмети, ако не се случи тоа порано, рече Таравари.
Ова тој го искоментира на прашањето дали очекува лидерот на ДУИ да се најде на американската „црна листа“, за што рече дека воопшто тоа не би го изненадило, но дека тоа е работа на Вашингтон.
Таравари рече дека досега четири функционери на ДУИ се нашле на „црната листа“, а истовремено ниту еден, кој било, од редовите на „Интегративците“ не е осуден.
![]()

