Златев: За помалку од 24 часа се сруши целиот бизнис концепт на Лазаров и Боки 13 и тоа, поради мојата кампања!

За помалку од 24 часа од почетокот на мојата кампања, се сруши целиот бизнис концепт на Лазаров и Боки 13.

Јас живеам од сериозно новинарство а не од шоу бизнис, така што морам да се вратам на сериозните теми.

Порталот на медиумот кој го водам има околу 2.5 милиони посети месечно, исклучиво на сериозни теми за политика и економија, без ни малку шоу бизнис.

Радиото има неколку десетици илјади слушатели во Скопје, а на фејсбук и јутуб имаме заедно помеѓу 400 и 500 илјади прегледи месечно.

Можеби шарлатаните имаат 1 милион прегледи месечно на јутуб, но никогаш нема да ја имаат моќта на сериозното новинарство. Моќта која во изминатите 24 часа ги направи салата.

Треба да внимаваат чие име ќе споменат кога ќе повлечат линија, затоа што сериозните новинари работат за јавен интерес – додека шарлатаните за сопственото его.

Тоа е главната одлика која не разликува и токму затоа никогаш не може да бидеме колеги. За да бидеш новинар, ти треба многу повеќе од тоа некој да те гледа, чита или слуша. Ти треба образование, темелност, редовно читање и надоградба и вештина да препознаеш што е јавен интерес.
Токму затоа, се враќам на старите обврски. Мислам дека 24 часа беа доволно за да им покажам каде им е местото?

Loading