ЈЕЛЕНА РОЗГА скршена од болка, ги откажа концертите во Белград

По страшната трагедија која рано утринава го погоди Загреб кога во основно училиште загина седумгодишно дете, се огласи Јелена Розга.

Хрватската пејачка Јелена Розга и организаторот „Скајмјузик“ заедно донеле одлука да ги откажат концертите во белградскиот Сава центар, кои ги имаше закажано за вечерва, 20 декември и за утре, 21 декември.

Јелена по тој повод се огласи на Инстаграм и ги соопштила новите датуми.

Новите датуми на концертот се 16 и 17 јануари 2025 година, а влезниците купени за 20 декември ќе важат за 16 јануари, додека билетите купени за 21 декември важат за 17 јануари.

– Згрозена и скршена поради трагедијата во загрепското училиште не можам да пеам вечерва и утре во Сава центар. Го изразувам соето најдлабоко сочувство до сите погодени од овој ужас. Концертите на 20 и 21 декември се одложени, новите концерти се 16 и 17 јануари 2025 година. Ќе има време за песна, сега е време за молк – напиша таа.

Соопштението го објави и компанијата „Скајмјузик“, која е организатор на сите седум концерти на Розга во Сава Центар.

– Со голема тага и неверување ја примивме веста за трагедијата што го погоди Загреб. Во момент кога е најважно да покажеме хуманост, сочувство и солидарност кон оние кои минуваат низ незамислива болка, донесовме заедничка одлука да ги одложиме концертите закажани за 20 и 21 декември. Нашите мисли и срца се со семејството на детето кое го загуби животот во овој трагичен настан, како и со сите повредени и нивните семејства. Во овие тешки моменти, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство и поддршка  – се истакнува во заедничкото соопштение.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Loading