Кралицата на македонската народна песна, Виолета Томовска заедно со дуото Дац и Александар, ја преработија една од најубавите песни на Томовска „Заиграј со мене ти”.
„Многу се радувам што сум дел од оваа топла приказна! Приказна за повозрасните да се потсетат, а помладите да научат и дознаат!
Во чест и сеќавање на Маестрото наш Милан Завков и осумдесетиот роденден на македонската кралица Виолета Томовска“, напиша Дац на Фејсбук.
Преубавата песна во ново руво се реализираше со голема поддршка од семејствата на Милан и Виолета. Хармониката ја отсвири Мишел Трајковски во манирот на маестро Завков, а вклучени беа и гитаристите Ташко Грујовски, Бобан Василески и трубачот Диме Танчев.
Слушнете колку убаво звучи.
![]()

